Снимање, изработка и поставување на 360° виртуелна тура/ посета на Вашиот објект на Google.
Поканете ги Вашите потенцијални купувачи, посетители, гости или пациенти на виртуелна посета на Вашата локација, и изградете ја довербата со нив, уште пред да се појават кај Вас.
Од самиот почеток на снимањето на Google Street View во Македонија, нашиот тим започна со спроведување на оваа технологија и во внатрешноста на јавни објекти.
Имавме чест, заедно со одреден број на инвеститори, први да ја промовираме оваа услуга во Македонија, а подоцна и во Албанија, Косово и Грција. Денес во нашето портфолио, броиме повеќе од 200 локации кои се снимени и покажани на светот, со Google виртуелна тура.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ…
Претставување на Вашата локација преку интерактивна виртуелна тура, како нов, уникатен и возбудлив начин на интернет доживување:
Виртуелна посета и претставување на локацијата преку директна интеракција. Икони и елементи кои вклучуваат многу повеќе информации како фото и видео материјали, текстуален опис или “link” до посакувана интернет страница. Овие виртуелни посети се комплетно брендирани во стилот на самиот инвеститор!
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ…
Изработка на Интернет Страници – “Web Development”
Во дигиталната ера, да се има интернет страница не е само опција, туку е потреба. Добро дизајнирана и оптимизирана интернет страница (website) има улога на “виртуелен излог“. Веб-сајтот е платформа за презентирање на производи, услуги и идентитетот на една компанија на глобалната публика – 24/7.
Пред се, инстернет страницата го засилува кредибилитетот и професионализмот на еден бизнис/ дејност. Во денешниот свет управуван од купувачот, луѓето се почесто го користат интернетот за пронаоѓање производи и услуги, пред да донесат одлука за купување. Професионално изработена интернет страница (website) влева доверба и сигурност кај потенцијалните купувачи, и води до генерирање на нови клиенти и продажби.
Портфолиото на SeeInsideMK се гради низ многу години и се протега низ многу дејности.
До сега имаме изработено повеќе од 200 интернет страници од најразличен тип за најразлични намени. Дел од нив, денес се уредни и возбудливи информативни страници, многу посетувани Web портали, функционални интерактивни платформи, како и голем број на Web Shop – интернет продавници.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ…
Вашата БИЗНИС ЛОКАЦИЈА на Google…
Светски познат факт е дека корисниците на интернет за пребарувања на било кој бизнис, производ и услуга, го користат Google и неговите платформи како Google Search и Google Maps. Видливоста на Вашиот бизнис и Вашата локација е од огромно значење.
Но, од витално значење е и точноста на податоците за Вашата локација, кои можете Вие да ги контролирате, доколку Вашиот бизнис е верификуван!
За една бизнис локација да ужива подобар рејтинг, видливост, сообраќај и да биде полесно откриена, важни се неколку факти:
- Локацијата да постои на Google Maps и Search
- Да биде верификувана од Google (во тој случај, Google знае дека се работи за автентичен бизнис и локација)
- Да биде оптимизирана за пребарувања (точно име, точна бизни категорија и опфатени подкатегории, адреса, телефонски број, работно време)
- Видливо Лого и поставена основна репрезентативна фотографија од Вашата локација
- Објавени фотографии од внатрешноста и надворешноста на локацијата, производите, услугите и сл… како Вашите потенцијални клиенти би Ве запознале подобро
- Линк до Вашата интернет страница за генерирање на органски сообраќај и информирање на клиентите во детали
- Активирана можност за контакт преку Google пораки (уште една платформа за комуникација со Вашите клиенти)
- Објавена промоција, попуст, нов производ или услуга, настан и сл… во форма на “Post”
- … и други позадински операции кои силно придонесуваат за поголема видливост и достапност на Google Maps и Google Search
Со нашата умешност и знаење, Вашиот бизнис ќе добие поголема видливост со тоа што визуелниот приказ ќе биде поставен на десната страна од страницата на Google Search, со сите потребни податоци.
Ќе се сложите, денес никој нема време да „гугла“ подалеку од првите 2 страни на Google Search… па затоа, целта на овој проект е Вашиот бизнис да биде видлив уште на првата страна.
А како да дојдат до Вашата бизнис локација?
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ…