Видливоста на Вашата бизнис локација на Google Maps и Google Search, игра клучна улога при генерирање на нови клиенти, купувачи или корисници на Вашите производи или услуги.
Според светските истражувања, во овој момент најкористени апликации за пребарувања на автентични содржини и потреби од секојдневието се Google Maps и Google Search.
Google користи многу параметри од своите корисници, со цел да ги обезбеди најважните и најрелевантните информации кои корисниците ги бараат.
На пример, кога еден корисник има потреба од продавница за обувки, на Google Maps внесува “Shoe store near me”, “Shoe store open now” и сл… За Google да ја обезбеди најточната информација за корисникот во врска со неговото пребарување, во предвид се земаат следниве параметри:
- Точната локација на корисникот кој ја бара информацијата по “GPS“ координати или “IP” адреса на уредот.
- Историја на претходни пребарувањата или кликнувања.
- Комплетно презентирани бизнис локации кои:
- имаат внесено точно име на бизнис локација
- точна адреса и “пин“ локација на мапата
- ажурирано работно време
- поставен телефонски број за контакт
- “линк“ – врска до интернет страницата на локацијата
- видливо лого, фотографии и видеа објавени на таа локација
- изработена виртуелна посета на објектот, со цел корисникот да може да се запознае со локацијата, уште пред да ја посети
- бројот на коментари и рецензии од корисници
- активноста на сопственикот на локацијата на Google.
Знаејќи дека жителите на развиените земји во светот ги користат социјалните мрежи само во слободно време, и дека прва алатка за пребарување е Google Maps, присуството на бизнис локацијата на Google е од огромно значење!
Овој светски тренд (на начинот на пребарувањата на интернетот) е се поизразен и во нашата земја и регионот.
Дали Вашата бизнис локација е вбројана помеѓу добро познатите брендови, достапни на Google?
Што треба да знаете за Вашата бизнис локација:
Присутноста на локацијата на Google Maps и Google Search, прецизните информации за истата, како и ажурираните податоци се клучните елементи за една локација да биде пронајдена на Google. Сево ова придонесува за полесна достапност и поголема видливост на платформите на Google кои Вашите потенцијални клиенти ги користат.
За една локација да биде подостапна и полесно пронајдена потребни се следниве клучни елементи:
Локацијата да биде поставена на Google Maps и Google Search;
Потребно е да се внесе точното име, адреса, телефонски број и пин на мапата, како и да бидат опфатени сите други параметри овозможени од Google кои се однесуваат на локацијата. (како: линк до интернет страницата, дали работи со дебитни/ кредитни картички, дали врши испораки, дали е пристапна со количка, и сл…)
Истата да биде верификувана и да е обезбеден пристап за сопственикот на локацијата;
Локацијата мора да има примарен сопственик. Тој ќе има пристап до сите податоци за својата локација, а Google ќе може да го контактира за сите процеси околу локацијата)
Соодветно оптимизирана бизнис локација;
Целта е кога потенцијалните корисници пребаруваат термини и фрази кои асоцираат на таа бизнис локација, истата да биде прикажана во резултатите на пребарувањата.
Бизнис локација презентирана преку соодветни фотографии, видеа и виртуелна посета;
Визуелниот приказ на самата локација, производите и услугите кои ги нуди е препорачан и секогаш добредојден. Според Google, најдобрата презентација на една локација е Google Street View for Business виртуелна посета.
Потребно е соодветно менаџирање на бизнис локација преку Google платформата;
Google овозможува пристап до платформа за менаџирање на бизнис локации. Соодветното користење на оваа платформа генерира пораст на популарноста, посетеноста и кликнувања на една локација на Google Maps и Search.
Ангажирање на професионалци за Google Local Search за бизнис локација;
Тимот на “SeeInsideMK” се занимава со оваа проблематика од самиот почеток на проектот Google Street View во нашата земја. Ние активно се грижиме за присуството на повеќе локални и странски компании и нивните локации на платформите на Google. Издвојуваме некои од нив:
- GREE Македонија (локации во Скопје – Центар и Аеродром)
- Мега Куманово (локации во Скопје и Куманово)
- Ресторан “Equilibrium” (локација во Скопје)
- ЕДГ – Ендомак Дентал Груп (локации во Скопје и Гевгелија)
- Ormos Travel (локација Ормос Панагиас, Ситониа, Грција)
- Аудио Центар Болин (локација во Скопје – ГТЦ)
- Дентиција (локација во Гевгелија)
- Феникс 93 (локација во Куманово)
- Корона Дентал (локација во Гевгелија)
- … и други
Наша препорака
Силно препорачуваме Вашата бизнис локација да биде достапна на светскиот интернет пребарувач бр.1 – Google. Побарајте стручна помош од експерти во областа на презентирање на бизнис локациии на Google кои се одликуваат со следниве Google сертификати:
- Street View Trusted Photographers
- Local Guides Level 8
- Trusted Verifiers
- Google My Business Experts
За повеќе детаил, контактирајте нè!