Информации за услугата и можностите
Потенцијалните пациенти, користат Google да пронајдат стоматолошкa ординациja!
Стоматолошкa Ординациja е бизнис категорија која е најзастапена преку проектот Google Maps Street View. Македонија станува една од најатрактивните дестинации за дентални услуги за странци. И покрај лимитираните можности за патување, странците сеуште кликаат и истражуваат на Google. А најчесто тоа го прават да ја испланираат нивната следна посета на стоматолог. Тоа е видливо од аналитичките податоци на нашите постоечки клиенти како:
- Ендомак Дентална Клиника – Скопје
- EDG – Endomak – Гевгелија
- Dental Care – Dr. LUKANOSKI – Скопје
- Дентиција – Гевгелија
- Корона Дентал – Гевгелија
- Каракамчев Дентал Центар – Скопје
- Денталукс – Радовиш
- Премиум Дентал Лабораторија – Гевгелија
- Денталукс – Куманово
- … и многу други
Развојот на денталниот туризам е во полн ек!
Факт е дека повеќе од 90% од интернет корисниците, го користат Google како прв медиум за пребарување и истражување. Високите цени во развиените земји, придонесоа пациентите да побараат дентални услуги и надвор од границите. Па затоа, фразите “Dentist”, “Dental Clinic” и сл. стануваат се покроистени, при пребарувањата на Google. Тоа е примарен показател и неизбежен знак дека секоја стоматолошка ординација и клиника мора да биде достапна преку Google!
Презентирње на стоматолошкa ординациja на Google – ВО ЦЕЛОСТ!
Кога еден потенцијален странски пациент би сакал да дознае за тоа каде може да ги добие потребните услуги, тој/ таа впишува на Google Search: Dental Clinic Macedonia, или Dental Clinic Skopje/ Gevgelija/ Bitola. Во тој момент, Google презентира повеќе резултати. Но секогаш највоочливиот резултат е оној кој визуелно се разликува од другите. Најчесто се појавува од десната страна на екранот, и делува како еден вид на Бизнис Картичка, која ги содржи сите основни и најпотребни детали.
Уште еден факт е дека најкористена апликација за пребарувања е Google Maps. Во овој случај, корисникот впишува “dentist near me”, “dental clinic near me”, dentist Skopje/ Strumica/ Gostivar… (stomatoloski ordinacii). Во овој случај, резултатите се појавуваат од левата страна (на Desktop верзијата на Google Maps). Кај мобилните телефони, се појавуваат во композиција на екранот, надолу. Повторно, одлучувачки фактор за избор на стоматолошка ординација се многуте детали споделени преку Google. Според светските истражувања, локација која ги има споделено сите можни детали, фотографии и виртуелна тура, има 50% поголеми шанси да биде избрана, во споредба со ординација која е делумно испрезентирана.
Дали сте подготвени за Google Maps Street View?
Нашиот тим брои повеќе од 30 задоволни стоматолошкки ординации и здравствени установи во свкоето портфолио. Тие ја дадоа довербата на нас да помогнеме, нивната ординација да бидет поблиску до потенцијалните пациенти. Да помогнеме во изборот на следната дестинација за дентални услуги и здравствени услуги, на секој кој има потреба од тоа.