Информации за услугата и можностите
Потенцијалните пациенти користат Google да пронајдат ординација, лабораторија и аптека!
Здравствени установи, лабораторији и аптеки се бизнис категори кои се најпребарувани преку Google Maps и Search. Тоа се должи на досегашната здравствена криза во светот. Тука не изостанува ни Македонија. Откако се случи Covid19 кризата, и движењето беше лимитирано, луѓето прејдоа кон почести пребарувања на интернетот. Сепак, за да се добие здравствена услуга или да се купи лек, физичкото присуство е неизбежно. Тоа е видливо од аналитичките податоци на нашите постоечки клиенти како:
- Ендомак Дентална Клиника – Скопје
- БИОТЕК Лаборатории – Скопје
- Др. Кртолица – Скопје
- Дентиција – Гевгелија
- Њу Борн Клиника – Скопје
- Каракамчев Дентал Центар – Скопје
- Аптеки ЕУРОФАРМ – Македонија
- Премиум Дентал Лабораторија – Гевгелија
- New20s – Скопје
- … и многу други
Користењето на Google за пребарување медицински услуги е застапено како НИКОГАШ!
Факт е дека повеќе од 90% од интернет корисниците, го користат Google како прв медиум за пребарување и истражување. Ограниченото движење и физичко присуство придонесоа пациентите да пребаруваат информации на интернетот. Едуцираноста за користење на интернетот се крена на високо ниво. Google е број 1 интернет платформа за пребарѕвање. Па затоа, фразите “Laboratory near me”, “Dental Clinic”, “Covid19 tests” и сл. стануваат се покроистени, при пребарувањата на Google. Тоа е примарен показател и неизбежен знак дека секоја здравствена установа, клиника, лабораторија и аптека мора да биде соодветно достапна на Google!
Презентирње на здравствени установи, лаборатории и аптеки на Google – ВО ЦЕЛОСТ!
Google овозможува подесување на многу информации на нивните платформи како:
- Име на локацијата
- Примарна бизнис категорија
- Секундарни бизнис категории
- Адреса, Телефонски број, работно време
- ПРЕЦИЗНА ЛОКАЦИЈА НА Google Maps.
Кога еден потенцијален пациент би сакал да дознае за тоа каде може да ги добие потребните услуги, тој/ таа впишува на Google Search:
- Covid Test near me
- Medical Center open now
- Pharmacy in Tetovo
- Dentist Macedonia
- … и многу други асоцирани фрази
Овие фрази ќе бидат земени во предвид од Google, само доколку истите се вклучени во самата локација.
Во тој момент, Google презентира повеќе резултати. Но секогаш највоочливиот резултат е оној кој визуелно се разликува од другите. Најчесто се појавува од левата страна на екранот, и игра улога на еден вид на Бизнис Картичка, која ги содржи сите основни и најпотребни детали.
Дали Вашите здравствени установи се подготвени за Google Maps и Google Search?
Нашиот тим брои повеќе од 50 задоволни здравствени установи, стоматолози, аптеки и лаборатории во своето портфолио. Тие ја дадоа довербата на нас, со цел да помогнеме нивната локација да бидет поблиску до потенцијалните пациенти. Да помогнеме во изборот на следната дестинација за здравствени услуги и производи, на секој кој има потреба од тоа.
Дел од услугите кои ние ги обезбедивме се:
- Поставување на нивната бизнис локација на Google Maps и Google Search
- Верификација на локацијата со обезбедување на пристап кон Google Management платформата
- Оптимизација на локацијата (корекција и вметнување на сите информации и параметри, достапни на Google)
- Поставување на фотографии и видеа карактеристични за локацијата (лого, “Cover” фотографија, фотографии од производи и услуги, фотографии од тимот)
- Снимање на Google виртуелна посета, достапна за целиот свет, со цел локацијата да изгради доверба со потенцијалниот пациент, посетител или купувач.