Виртуелната тура
Информации за проектот
Фитнес Револуција во Скопје е фитнес студио кое се наоѓа на ул. Мајка Тереза (поранешна Водњанска). Тука секогаш ќе бидете пречекани од врвно обучени тренери кои активно ќе се грижат за вашето здравје и изглед, преку строго контролирани фитнес програми и исхрана, наменети специјално за вас.
За овој објект изработивме виртуелна тура со 7 панорамски 360° фотографии. Се потрудивме да го истакнеме секој детал, за потенцијалните клиенти однапред да можат да видат каде и со кои справи ќе вежбаат. Исто така направивме и фотографии кои можете да ги видите подоле во галеријата, или директно на Google Maps.
Google my Business профилот на Фитнес Револуција покрај виртуелната тура и фотографиите ги содржи сите други потребни информации за бизнисот:
- Работно Време
- Телефонски број со можност за директно јавување кога се пребарува од мобилен уред
- Точна локација на Google Maps со директна навигација од мобилни уреди
Креирањето на самиот бизнис профил на Google, Google Maps и Google+ е потполно бесплатно. Доколку сакате да го имате и за вашиот бизнис регистрирајте се на овој линк.