Информации за проектот
Со цел да заштедите време и енергија, и да им овозможите на Вашите потенцијални купувачи/ изнајмувачи првично да го “посетат“ деловниот простор кој го издавате/ продавате, без притоа да доаѓаат на самото место, ние ги снимаме и претставуваме објектите за Вас – виртуелно.
Движењата низ просторот се многу едноставни:
- со помош на стрелките на тастатурата или со компјутерското глувче, преку компјутер
- со допирање на стрелките преку мобилен телефон или таблет (“smart” уреди со екран на допир)
- преку интерактивното мени кое се наоѓа на горната лева страна на екранот, кое ќе Ве одведе до просториите на објектот кои сакате да ги погледнете
Доколку сте компанија која се занимава или има потреба од издавање на простор, Вашето лого ќе биде прикажано на интерактивното мени.
Исто така, во долниот десен агол се наоѓа икона (глобус) каде што ќе биде содржан “URL” – линк до Вашата интернет или “Facebook” страница, каде што посетителите ќе може да дознаат повеќе детали.
Одлична можност за интерактивно презентирање на објекти на саеми, изложби, или при посета на Вашите клиенти во нивните простории.