Виртуелно презентирани туристички знаменитости

Информации за проектот

Виртуелно презентирани туристички знаменитости

Виртуелно презентирани туристички знаменитости

Виртуелно презентирани туристички знаменитости е највозбудливот проект за презентација на североисточниот регион на нашата земја. Тој изобилува со многу историски, културни и верски знаменитости. Потенцијал кој сериозно може да придонесе во развојот на туризмот во овој регион, и генерално за нашата земја. Виртуелна презентација на туристички знаменитости

Алатката “Виртуелно презентирани туристички знаменитости“, беше препознаена како адут…

Овој проект беше помогнат од Европската Унија. Проектот беше финансиран од фондови наменети за развој на земји членки и земји кандидати за членки во ЕУ.

Р. С. Македонија, заедно со Р. Бугарија, се договорија да посветат посебно внимание на развојот на меѓуграничната зона и нејзините општини од 2те земји. Благодарение на проактивниот пристап на координаторите на овој проект, имавме можност да ги презентираме нашите досегашни проекти. Таа презентација веднаш побуди интерес за имплементирање на истата технологија и во овој проект. Технологијата денес е карактеристика на светските пракси. Овој тип на презентација, овозможува запознавање на локациите кои туристите би можеле да ги посетат во живо.

Интернет алатките, денес се подостапни од било кога!

А една од повозбудливите алатки за презентација, е токму оваа: – “Виртуелно презентирани туристички знаменитости“.

Имено, таа дозволува споделување на многу детали. Деталите се во форма на фотографија, текст, видео клип, линк до надворешна интернет страна и сл…

Конкретно за овие локации:

  • изработивме виртуелна
  • споделивме линк до Google Maps (за секоја локација). Целта е потенцијалните посетители да добијат навигациски насоки до локацијата, преку Google
  • изработивме и објавивме фотографии од микро знаменитостите
  • во соработка со “Identity MK” и “Marsben” изработивме и објавивме воздушни (дронски) и видео клипови од земска перспектива. Видео клиповите се достапни на YouTube како и во самата виртуелна презентација. Целта е посетителите да се запознаат со овие локации, преку видео презентација.
  • во соработка со Музеј на Општина Куманово изработивме и поставивме текстуална презентација на 2 јазика, достапна во самата виртуелна презентација. Целта е посетителите да прочитаат и да се запознаат со повеќе детали за објектот.
  • виртуелните презентации се сега достапни на корпоративната страна на проектот: Cultural heritage Kumanovo

 

Погледнете ги интерактивните виртуелни презентации:

Манастир Св. Ѓорѓи - С. Старо Нагоричане

Лоциран во С. Старо Нагоричане, Општина Старо Нагоричане

Манастирот Св. Ѓорѓи во Старо Нагоричане, според легендите, за првпат е изграден во 11 в. од страна на византискиот император Роман IV Диоген. Неговата изградба е поврзана со пророштвото на св. Прохор Пчињски за тогашниот војсководец Роман. Но, денешниот изглед на манастирот е резултат на ктиторството на кралот Милутин во 1313-1318 г., кој ја обновил напуштената Диогенова црква, претворајќи ја старата базилика во петокуполна градба.

Погледнете ја интерактивната виртуелна посета:

Големо Градиште Коњух - Археолошко наоѓалиште

Големо Градиште Коњух (археолошко наоѓалиште) – најголемиот ранохристијански град во овој дел од Македонија.

Лоциран е на падина на брегот на Крива Река. Тука е истражувана т.н. епископска палата, како и главните градски улици.

Погледнете ја интерактивната виртуелна посета:

Археоастрономска опсерваторија - Кокино

Археоастрономскиот локалитет „Татиќев камен“

(наречен уште „Мегалитска опсеваторија Кокино„ или „Стара опсеваторија Кокино“) го зафаќа горниот дел на истоимениот рид со вулканско потекло, на околу 30 км. оддалеченост од Куманово, во североисточниот дел на Република Македонија. Со својата височина од 1013м. тој доминира над својата околина и селото Кокино во неговото подножје.

Погледнете ја интерактивната виртуелна посета:

Синан Татар Бегова Џамија - Куманово

Најстарите сочувани џамии во кумановско биле изградени во XVI век.

Тие се од типот на еднопросторни поткуполни џамии чии почетоци ги среќаваме кај Селџуците кон крајот на XI и XII век, а на Балканот се појавуваат во XVI и XVI век и тоа во Санџак, Косово и Македонија. Во едно, џамијата Синан Татар Паша, се смета за една од најстарите на територијата на Куманово и Липково, по џамијата во Табаноц и џамијата во Оризари.

Погледнете ја интерактивната виртуелна посета:

Национала Установа Музеј - Куманово

Во 1964 година за првпат е формирана самостојна установа Историски музеј – Куманово, која во 1979 година го менува своето име во Народенмузеј „Куманово“. Музејската зграда е сместена во близина на центарот на градот со типичен белег на стараградска архитектура, изградена во 1926/27 година.

Погледнете ја интерактивната виртуелна посета:

Можности и очекувани бенефити:

Овој тип на виртуелни презентации можат да бидат дел од секоја интернет страница, портал, блог или социјален медиум (кој го овозможува тоа). Истите можат да бидат “хостирани“ на приватни сервери. Тоа значи дека можат да бидат достапни неограничен временски период. Новите пракси дозволуваат овие интерактивни виртуелни тури, да бидат користени и како виртуелни продавници или презентации на секоја дејност која има физичка локација.

Побарајте нѐ, и информирајте се за можностите кои ќе ја доловат секоја физичка локација, интерактивно, во детали!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment