Информации за проектот

Гевгелија на Street View

Гевгелија на Street View

Гевгелија на Street View

Гевгелија на Google Street View!!!

А, што е Google Street View? 

„Google Street View“ или „Google“ уличен приказ е единствено и уникатно интернет доживување. Тоа овозможува да патувате низ светот, од удобноста на Вашиот интернет уред!

Во веќе далечната 2007 година, Google одлучи да доближи и презентира голем дел светот. Беше создаден уникатен начин на приказ на улици, патишта, автопатишта, планински превои, плажи, резервати па се до приказ на вселенска станица. Оваа опција стана достапна за секој корисник на интернетот во светот. Стана неизбежна алатка за секој оној кој сака да патува некаде, со цел да ја запознае областа од интерес – виртуелно, уште пред да се појави таму. Проектот прв пат беше лансиран во САД.

Уличниот приказ во Македонија беше снимен во 2014та а објавен во 2015та година

 

Голем дел од нашата земја беше опфатен со овој проект. За жал еден значаен дел, воопшто нема Street View. На пример Гевгелија како град кој е најпосетуван од странци преку целата година, воопшто нема Street View. Или Крушево, Струга и дел од Охрид (на потегот од Билјанини Извори па се до Свети Наум), како значајни туристички центри немаат Street View. Тука се и Штип, Гостивар, Кичево, Кочани кои важата за поголеми градови а се исто така недостапни на Street View.

За жал, на ниедна официјална страница на Google не постои најава за ново снимање или преснимување. Тоа остава лош впечаток кај Google корсниците. Тие не се во можност да се информираат за одредено место или област, односно како тоа изгледа после 6 години. На пример, центарот на нашиот главен град на Google Street View, изгледа како едно големо градилиште. Или голем дел од бизнис локациите, кои тогаш не постоеле, сега не се достапни на Street View. Тука се и оние бизнис локации кои од тогаш претрпиле промени во изгледот, или пак дел веќе воопшто не постојат.

 

Сега, тимот на SeeInsideMK е во можност да го стори тоа!

Присутни сме на Google сцената од 2015та година. Акивно работиме на промовирање на локации преку најкористената алатка за интернет пребарувања во светот. Досега имаме опфатено преку 400 локации на Балканот, со нашите Google услуги. Присутни сме во С. Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора и Грција.

Нашата дедицираност и адаптација кон новите трендови, ни овозможи да стигнеме до нивото каде можеме да снимаме и објавуваме Street View!

За прв пат, Google Street View (уличен приказ), достапен за Гевгелија

Гевгелија на Street View

Кликнете на фотографијата, да го погледнете Google уличниот приказ од Гевгелија, на Google Maps.

Веднаш се подготвивме и појдовме во Гевгелија!

 

Тимот, веќе опремен со нова и софтицирана опрема, за конкретната намена започна да ажурира Street View во Македонија. Знаењето е максимално надградено, а искуството доста проширено.

Една од првите дестинации каде започнавме да снимаме е Гевгелија! Главната причина е што овој наш град, никогаш до сега не бил снимен и објавен на Google!

Интересот кај странските патувачи, за овој град е огромен.

За нив, сега е обезбеден начин да се запознаат со овој град – виртуелно! Да ги посетат улиците, да ја пронајдат својата дестинација, и полесно да се снајдат во градот.

За Google Street View проектот во Гевгелија

Остварувањето на оваа фаза од проектот “Гевгелија на Street View“, немаше да биде возможна, без помошта од нашите лојални клиенти!

 

Проектот Google Street View за Македонија, е финанисран од заинтересирани странки од приватниот сектор, бидејќи до сега не наидовме на интерес од Јавните Институции и Локалните Самоуправи на нашата држава!

Благодарение на: ЕДГ (Ендомак Дентал Клиник), Дентиција, Корона Дентал и Лотус Апартмани, корисниците на Google, можат да се движат по Булевар Гевгелија. На централниот кружен тек, можат да одберат движење према Негорци или центарот на Гевгелија по ул.7ми Ноември или да продолжат кон Дентиција и Лотус Апартманите.

Според правилата за политика на приватност на Google, сите регистерски таблички и ликови, се замаглени.

Замаглени се и голем дел од бизнис локациите. Истите имаат можност да учествуваат во овој проект, и да бидат достапни на Google Street View!

Учествувањето е еднократно, без годишни или месечни трошоци или инвестиции! Достапноста на уличниот приказ, е без ограничен период на траење.

 

Бенефити од присутноста на Google Street View:

 

  • Вашата локација, достапна за целиот свет, преку светскиот интернет пребарувач бр.1 – Google
  • Можност да Ве пронајдат преку Google Maps, Google Search, Google Earth и Google Street View App
  • Google учичниот приказ има можност да биде вграден на Вашата интернет страница или споделен на преку социјалните мрежи
  • Ќе можете да испратите директен линк до Вашите клиенти, со цел веднаш да знаат каде се наоѓате
  • … ќе добиете можност да се запознаете со Google Street View for Business услугата, која голем дел од Вашите сограѓани, споственици на бизнис локации ја користат. Повеќе детали, на следниов ЛИНК

 

*НАПОМЕНА:

Поради досега изразениот интерес од останатите сопственици на локации (како Милан Дент, Оптика Маја, Јавор Агапи – Мрзенци, и други) планирано е проектот да продолжи да се спроведува за целата територија на Гевгелија, па и пошироко. Продолжувањето зависи од интересот за учество на стопанствениците на објектите, и потенцијалните инвеститори.
За било кое прашање, сугестија или изразен интерес, нашиот тим Ви стои на располагање!

Ви се допадна?

Побарјате нè, и дознајте како и Вашата локација да биде достапна на Google Street View во Гевгелија!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment