A1 by SeeInsideMK

Информации за проектот

“A1 Makedonija Headquarters” – Скопје, Македонија отворени да бидат посетени виртуелно!

 

Проектот “A1 Makedonija на Google” претставен од тимот на See Inside MK!

Мобилниот оператор А1 Македонија, ги отвори вратите на управната зграда, за своите корисници да ја посетат виртуелно. Запознајте ја нивната дирекција, каде се сместени сите сектори, посветени за обезбедување услуги на своите корисници. Достапна благодарение на соработката со нас!

 

За А1 Телеком Австрија Групацијата:

А1 Телеком Австрија Групацијата е водечки провајдер на дигитални услуги и комуникациски решенија во Централна и Источна Европа. Брои повеќе од 24 милони корисници на своите услуги. Групацијата е застапена во седум земји: Австрија, Бугарија, Хрватска, Словенија, Северна Македонија, Белорусија, Србија. Телеком Австрија Групацијата, со седиште во Виена, е европска единица на América Móvil, еден од најголемите провајдери на безжични услуги во светот и обезбедува пристап до глобални решенија.

 

За А1 Македонија:

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија. А1 е телекомуникациска компанија е фокусирана на креирање и нудење на понуди за конвергентни и софистицирани дигитални решенија. Тие имаат за цел да ги задоволуат комуникациските потреби. Таргет групата е насочена кон резидентните и деловните корисници, како и кон секое модерно семејство. Повеќе од 1.100 вработени, под брендот А1, се грижат за обезбедување на најдоброто корисничко искуство за над 1.200.000 корисници.

 

За проектот “A1 Makedonija на Google” преку “Google My Business” и “Google Street View for Business” услугите:

А1 Македонија е првиот мобилен оператор во регионот кој ги препозна бенефитите од Google услугите за бизнис локации. Насочени кон блискоста со своите корисници, А1 Македонија го ангажираше нашиот Google Trusted тим на SeeInsideMK да ги обезбеди следниве услуги:

  • Преку проектот “A1 Makedonija на Google” ги оставување на сите локации на А1 продажните салони во Македонија на Google Maps и Google Search со цел истите да бидат достапни за секој корисник на Google:

A1 Makedonija Google Maps

* Дел од салноните на А1 Македонија, поставени и достапни на Google Maps. (Кликнете на фотографијата, да го погледнете примерот)

 

 

  • Верификација, оптимизација и објавување на сите информации за секоја локација поединечно (име, адреса, телефонски број, работно време, линк до интернет страна, фотографии и виртуелна посета)

A1 Makedonija на Google

* Локацијата на А1 во ГТЦ Скопје каде се достапни сите информации овозможени од Google а достапни за секој корисник на Google Maps. (кликнете на фотографијата, да го погледнете примерот)

 

  • Со проектот “A1 Makedonija на Google” снимивме виртуелна посета за секој “концепт салон“ на А1 Македонија, и ги објавивме на Google Maps со цел корисниците да имаат можност да ја доживеат секоја локација виртуелно:

A1 Makedonija на Google

* Дел од “концепт“ салоните на А1 Македонија, достапни да бидат посетени виртуелно:

 

ГТЦ Скопје, достапен виртуелно ТУКА

Гевгелија, достапен виртуелно ТУКА

Тетово, достапен виртуелно ТУКА

Охрид, достапен виртуелно ТУКА

 

  • Обезбедување пристап за менаџментот на А1 Македонија, со цел да ги контролираат и менаџираат податоците, да споделуваат и ажурираат информации како и да објавуваат фото и видео материјали.

A1 Makedonija на Google

* Дел од локациите на А1 Македонија, достапни да бидат менаџирани преку Google My Business.

 

Google My Business и Google Street View for Business услугите се наменети за секоја бизнис локација која ги поканува своите клиенти и потрошувачи физички да ја посетат. Финалниот резултат од овие услуги е достапен преку контролниот панел на Google. Во него, достапни се аналитики како:

  • колку пати е пребарана локацијата во последната недела, месец или тромесечие
  • преку која платформа е пронајдена локацијата
  • кои активности ги преземале посетителите
  • колку пати ги прегледале фотографиите или виртуелната посета
  • колку пати ја кликнале објавата
  • од каде корисниците бараат GPS насоки до локацијата
  • … и друго

Пристап до овој панел имаат сопствениците и менаџментот, преку компјутер или мобилна апликација, 24/7.

 

Google стандардизирани фотографии

Не е тајна дека бројот на објавени фотографии преку Google за одредена локација, како и нивниот квалитет, помага во доброто рангирање на Google Maps и Google Search.

За таа цел, во соработката со A1 Македонија, вклучивме и изработка на Google стандардизирани фотографии од секој нивен салон, со цел да ја доловиме локацијата сликовито.

Виртуелна посета на А1 Македонија - Управна Зграда

Посетете ја дирекцијата на А1 Македонија мобилниот оператор, преку удобноста на Вашиот персонален компјутер или мобилен уред, достапна од било каде во светот, 24/7.

Доколку сте сопственик или менаџер на мала, средна или голема компанија и сметате дека и Вашите локации треба да бидат соодветно достапни на Google Maps и Google Search, нашиот тим е специјализиран по ова прашање.

Контактирајте нѐ!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment