Виртуелна посета
Информации за проектот
“Audio Centаr Bolin” е првиот Аудио Центар воедно и првата продавница за аудио опрема, достапна на Google!
Т.Д. Болин или познат како Аудио Центар е основан 1995 година. Болин е формиран со идеја да го направи Hi-Fi звукот лесно достапен за секого. Салонот во ГТЦ е отворен во 2000та година. Претставува еден од најексклузивните салони за аудио опрема на Балканот.
Во овој салон, Болин нуди производи од врвните светски брендови за Hi-Fi опрема и тоа:
- JBL
- Bowers & Wilkins
- Rotel
- Marantz
- Harman Kardon
- Infinity
- McIntosh
- Denon
- Loewe
- Yamaha
- Mordaunt Short
- … и други
Салонот нуди 2 демо соби за презентација на високиот квалитет на звук. Освен овие брендови, во салонот ќе Ве пречека високо професионален и обучен персонал. Тие се подготвени да да понудат квалитетна услуга и стручен совет, за целонсо задоволување на потребите на своите клиенти.
Квалитетот, стручноста и понудата на “Audio Centаr Bolin” беше крунисана со признание за најдобар трговски објект во 2009 година. Ова признание беше доделено од Град Скопје, преку спроведување на SWOT анализи, секоја година.
Со цел уште подобро етаблирање на овој македонски бренд на интернет, Болин го ангажираше тимот на SeeInsideMK.
За Болин, поставивме локација на Google Maps и Google Search. Локацијата ја верификувавме, оптимизиравме и обезбедивме пристап за сопственикот. Поставивме лого и фотографии од ентериерот, екстериерот. Снимивме и објавивме виртуелна посета, со цел да овозможиме едно ново искуство на потенцијалните клиенти на Болин.
Тимот на SeeInsideMK активно се грижи за менаџирање на бизнис профилот на Болин на Google.
Тоа подразбира:
- Редовно следење на “updates” на Google
- Поставување клучни зборови
- Поставување нови фотографии
- Одговарање на рецензии од клиенти
- Објавување промоции, понуди и новости, достапни на Google Maps и Search
Овие чекори, за “Audio Centаr Bolin” придонесуваат за полесна достапност и пронаоѓање преку светскиот интернет пребарувач бр.1 – Google. Исто така, чекорите придонесуваат за правилно информирање на потенцијалните купувачи за локацијата, производите, понудата и за самиот бренд!