Информации за проектот
Гевгелија е град со најголем број бизнис локации, достапни на Google!
Градот кој секојдневно е посетен од најголем број странци, во цела Македонија. Град кој максимално ги адаптираше бизнис капацитетите за своите соседи. Место каде скоро секој зборува грчки јазик, и каде секогаш сте пречекани со насмевка. Град кој претставува една од најважните крстосници и попатни станици на корисниците на автопатот Е75.
Овој град е познат и по најголемиот број на стоматолошки ординации, казина и маркети, по глава на жител.
Гевгелија, на наше задоволство е и градот каде има најголем број бизнис локации опфатени со проектот на Google! Нашата работа претставува задоволство кога наидуваме на големо разбирање и срдечен пречек за светските технолошки трендови. Сопственици и менаџери кои во целост го разбираат и поддржиуваат начинот на соодветно присуство на интернетот. Место каде со динамично темпо градевме и сеуште градиме соработка.
Услугата Google Street View for Business, беше веднаш прифатена како една од најмоќните алатки за полесно пронаоѓање на една бизнис локација, преку најкористените апликации за пребарување во светот – Google Maps и Google Search.
Сите бизнис локации кои беа и сеуште се вклучени во проектот, ги ужуваат овие бенефити:
- Позиција на Google Maps и Google Search
- Верификувана локација – обезбедена потврда за Google за автентичност на истата
- Оптимизација на локацијата (опфаќање на примарна и секундарни бизнис категории, кои подоцна служат како клучни зборови и фрази за пребарување)
- Овозможен пристап за сопствениците/ менаџерите кои сега:
– можат да ги менаџираат сопствените информации како адреса, телефонски број, работно време…
– да објавуваат фотографии и видеа за нивната локација, услуга или производ, достапни директно на Google
– да објавуваат промоции и други информативни објави
– нивните вработени или тие да комуницираат преку (примаат и праќаат) пораки со своите клиенти, директно преку Google
– да одговараат на коментари оставени од клиентите
– во целост да ги користат бенефитите на Google платформата за бизниси, која придонесува поголема органска популарност кај корисниците на Google
- Снимена и објавена Google Виртуелна Посета, достапна на Google Maps, Google Earth, нивните интернет и Facebook страници
- Изработени Google Standard фотографии од нивните локации – достапни на Google, и предадени во нивна сопственост за понатамошна употреба.
Подолу погледнете ги сите наши клиенти од Гевгелија
Доколку сметате дека и Вашиот бизнис треба да биде соодветно достапен на Google, побарајте не: