Виртуелна посета
Информации за проектот
“Cool Cut – Revlon Professional” – достапен за виртуелна посета. Фирзерскиот салон на Перица Ивановски, е првиот салон во Скопје и пошироко, објавен на Google.
Вашите стилисти и пријатели од Студио „Кул Кат“ се одликувани и препознатливи високопрофесионални! Тоа се карактеристики кои ги прават единствени и ги издвојуваат во светот на фризерската мода во Македонија и пошироко, во регионов. Тие се трудат и успеваат да ги претворат претходните фризерски искуства на своите клиенти во персонализирани услуги. Секогаш се во чекор со модата и во склад со личноста и нивниот животен стил. Работно-креативната „кулирана“ атмосфера на студиото ги поттикнува стручните вештини и отвора нови хоризонти на нивните уметнички очи од Вашата коса да создадат нова слика, која говори илјада зборови.
За Перица Ивановски:
Сопственик, менаџер, главен стилист, ментор и лидер на бројни млади стилисти кои ја градат или ја започнале својата кариера под неговите закрила. Со немирен дух, постојано во потрага по нешто ново, по нова инспирација, нова посовршена креација, пласман и примена на нови производи, препарати за коса и третмани на македонскиот стилистички пазар, секојдневно во потрага на нови предизвици.
“Cool Cut – Revlon Professional” нуди:
1. Потстрижување на жени и мажи
2. Фенирање
3. Фенирање брановидно
4. Боење
5. Креативно боење – Омбре
6. Боење (услуга)
7. Шатирање (фолија)
8. Обликување
9. ЛТО (минивал)
10. Невестински
11. Матурски
12. Свечени фризури
13. Медикал третмани: масна бања и термички третман
14. Шминка
15. Останати услуги
– миење
– преса
– масажа на глава
– прелив
– плетенка
Перица веднаш ја препозна потребата од соодветно присуство на светскиот интернет пребарувач бр.1 Google! Без колебање прифати Кул Кат да:
- Биде поставен, верификуван и оптимизиран (за полесно пронаоѓање преку Google Maps и Search)
- Биде овозможен пристап за сопственикот кој сега може да одговара на кометнари од клиенти, да поставува фотографии и да објавува промоции, достапни на Google Maps и Search
- Активираме услугата за контакт преку порака, директно на Google
- Го фотографираме и снимиме неговиот салон, и да го објавиме со Виртуелна Посета, на Google!
Сега “Cool Cut – Revlon Professional” добива позитивни резултати и анализи за начинот на кој е пронаоѓан преку Google. За Перица, достапна е алатка која покажува бројќи како, кога и од каде неговиот салон е пронајден на Google.