Информации за проектот
EAM T-Shirt Industry е фабрика за производство на стандардни и поло маици е најголемата текстилна индустрија во Штип и Р. Македонија, која се наоѓа во комплексот фабрики Македонка. Тие се единствените кои нудат производ кој целосно е произведен во нивната фабрика, почнувајќи од суровина, па се до финалниот производ, подготвен да биде испорачан кај крајниот купувач. За ЕАМ не постои модел и дизајн кој тие неможат да го изработат.
EAM може да се пофали со одлична референтна листа во Македонија, но уште поважно, голем број клиенти од странство како што се: Mercedes, Seat, Porsche Group и многу други. И не само тоа. Производите на EAM T-Shirt Industry ги носеле и сеуште ги носат голем број познати македонски, балкански и светски личности. Со ова, ЕАМ дава голем придонес кон зголемување на извозот на македонскиот производ во Европа и Светот.
Имајќи ја потребата и од отварање на нови пазари и привлекување на нови клиенти од странство, ЕАМ ја препозна потребата за полесна достапност на светскиот интернет пребарувач бр.1 Google и неговите платформи Google Maps и Google Search.
EAM T-Shirt Industry е официјално првиот бизнис од својата категорија во Штип, поставен, верификуван, оптимизиран, снимен и објавен да може да биде посетен виртуелно, од било кој дел во светот. На овој начин ЕАМ ја гради довербата со своите потенцијални и постоечки клиенти, овозможувајќи им да се уверат во просторот, капацитетите и ресурсите со кои тие располагаат, и со кои можат да ги опслужат и најобемните нивни барања и желби.
Посетете ја оваа несекојдневна локација, достапна на Google, од удобноста на Вашите мобилни уреди или персонални компјутери, и дознајте на кој начин се произведуваат на далеку познатите маици.