Shooting Google Street View Skopje

Информации за проектот

Што е Google Street View?

„Google Street View“ или „Google“ уличен приказ е единствена и уникатна опција на интернетот.

Google Street View е технологија претставена на „Гугл мапс“ и „Гугл ерт“ која обезбедува интерактивни панорами од позиции долж многу улици во светот, во веќе далечната 2007 година. Тогаш беше создаден овој уникатен начин на приказ на улици, патишта, автопатишта, планински превои, плажи, резервати па се до приказ на подводен свет и вселенска станица. Оваа опција стана достапна за секој корисник на интернетот во светот. Стана неизбежна алатка за секој оној кој сака да патува некаде, со цел да ја запознае областа од интерес – виртуелно, уште пред да се појави таму. Проектот прв пат беше лансиран во САД.

Уличниот приказ во Македонија беше снимен во 2014та а објавен во 2015та година.

Голем дел од нашата земја беше опфатен со овој проект. Но сепак еден значаен дел, воопшто нема Street View. На пример Крушево, Струга и дел од Охрид (на потегот од Билјанини Извори па се до Свети Наум), како значајни туристички центри немаат Street View. Тука се и Штип, Кочани, Гостивар, Кичево и многу други поголеми и помали градови и села.

За жал, и еден значаен дел од Скопје, сеуште не е достапен на Google Street View. Станува збор за индустриските зони, кои се главен двигател на економијата на градот и државата. Ќе се сложите, истите тие привлекуваат многу странски инвеститори и купувачи. А сепак, компаниите не се во можност да презентираат повеќе детали на нивните партнери, преку најкористената алатка за пребарување.

Google е основна алатка за истражување на потенцијалните бизнис партнери и инвеститори. Во море од секакви информации, Google секогаш се труди да ги филтрира лажните и точните податоци за една компанија, област, град…

Благодарение на нашата дедицираност и интензивното учество во овој проект, тимот на SeeInsideMK извесно време помага на компаниите да се претстават на светот.

Нашиот труд и адаптација кон новите трендови, ни овозможи да стигнеме до нивото каде можеме да снимаме и објавуваме Street View!

Тимот е препознаен како “Google Street View Trusted“. Oпремени со нова и софтицирана опрема за конкретната намена со надградено знаење и големо искуство.

google trusted

Тимот веќе започна со ажурирање на Google уличниот приказ:

До сега, имавме можност да снимиме и објавиме неколку области од Македонија на Street View.

Некои веќе беа снимени пред 6-7 години, а некои воопшто не беа достапни на Google.

Еве неколку примери:

Google Street View на локација Бул. Видое Смилевски Бато бр.8 во Скопје, изработен во Октомври 2014 - од Google

Ажуриран Google Street View на истата локација, изработен во Јуни 2021 - од тимот на SeeInsideMK

Google Street View на локација ул. Македонско Косовска Бригада во Скопје
Изработен од Google во Јуни 2015

Ажуриран Google Street View на истата локација
Изработен од нашиот тим, во Јуни 2021

Дел од градот Неготино, за прв пат достапен да биде посетен,
преку "Google Street View“:

По неколкуте изработени “Street View” проекти, започнуваме со снимање на еден поголем дел од Скопје!

 

Како прва дестинација за ажурирање, ја одбравме Индустриска Зона Илинден.

По извесно истражување, откривме дека овој значаен дел за економијата на Г. Скопје, не е достапен на Google Street View. Достапен е само еден дел од автопатот и тоа во правец од патарина Миладиновци према Скопје.

Што е планот?

Започнуваме со снимањето од самиот автопат, со цел снимката да биде поврзана со постоечката од Google.

Движењето на автомобилот со камера е планирано на следниот начин:

Рута на движење на автомобилот

Shooting Google Street View in Skopje

Вашата компанија има единствена можност, да биде вклучена во овој проект.

Снимањето ќе се одвива по јавните патишта и улици. Завршниот резултат е 360 преглед на околината, изработен од композиција на секвенци во 360 степени. Тоа значи дека видлив ќе биде секој аспект од улицата (освен еден мал дел на долната страна, каде видлив ќе биде автомобилот).

Бенефити:

  • Google уличниот приказ ќе биде достапен на Google Maps и Google Earth, преку компјутер или преку мобилна апликација на секој смарт уред.
  • Можност да бидете видливи за целиот свет, преку најкористената алатка за пребарувања во светот – Google Maps.
  • Google улучниот приказ (со одбрана позиција) може да биде вграден на секоја интернет страница, или да биде споделен како линк, преку медиумите за комуникација (e-mail, SMS, Viber, WhatsApp, Skype…)
  • Објавена 360 панорама на Вашата Google локација.

Овој проект не е финансиран од Google, ниту пак од било која државна или локална институција.

Со цел ова снимање да биде возможно, предвидени e еднократнa финансискa котизација од опфатените и засегнати бизнис локации. Вклучувањето во изработката на Google Street View е доброволно. Доколку некоја компанија не е заинтересирана да биде вклучена во овој проект и истата не се пријави, таа локација ќе биде целосно замаглена (“Blurred”).

Напомена!

  • Цените се без пресметан ДДВ од 18%.
  • Понудата е промотивна и важи доколку се пријавите за снимање во закажаниот термин. Доколку сте заинтересирани за напредни услуги, можете да нè контактирате.
  • Објавениот уличен приказ ќе биде достапен на платформите на Google, без ограничен период на траење.
  • При изработка на уличниот приказ, ќе бидат замаглени сите ликови и регистерски таблици на возила (според правилата на Google)
  • Снимањето ќе се одвива во поволни временски услови (суво и сончево време).
  • Тимот на SeeInsideMK е независен изведувач од Google, кој поседува стандардизирана опрема за конкретната намена, со пристап до ункатна Google платформа.

Пријавете ја Вашата компанија за учество!

Пополнете ги полињата, и во последното поле – Порака, наведете за кој пакет сте заинтересирани. Доколку сакате да се информирате за повеќе услуги, напишете “Напредни Услуги“

Нашиот тим ќе Ве исконтактира во најкус можен рок.

Ви благодариме!

[contact-form-7 id=”16082″]

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment