Информации за проектот
“Greestore” Центар, е првата локација на Греесторе Гроуп објавена на Google. Застапникот на реномираниот бренд за ладење и греење “GREE” ги отвори вратите на својот салон во центарот на Скопје. Откривајќи ја потребата од соодветно присуство на интернетот, менаџментот на Греесторе Гроуп, се одлучи своите салони да ги презентира преку Google.
Греесторе Гроуп е претставник на GREE Electric Appliance, Inc. of Zhuhai (“GREE”). Тие се најголем производител на клима уреди во светот. Производството се одвива во 9 фабрики ширум светот, каде работат повеќе од 80.000 работници. Од нив, 5.000 се инжињери во одделот за истражување и развој. Поради тој оддел, денес “GREE” има патентирано повеќе од 3.500 производи. Годишниот капацитет на брендот е над 60 милиони клима уреди за домашна употреба. Комерцијалната серија, годишно брои повеќе од 5,5 милиони уреди. Нивните производи се поделени во 20 категории со 400 серии и повеќе од 7.000 модели.
Во светот повеќе од 200 милиони луѓе се корисници на производи кои се произведени од “GREE”. Поради овие факти, “GREE” е единствената марка во Кина за климатизери, означена како “светски бренд“. “GREE” оддава посебно внимание на еколошките и здравствените барања. Но не помалку и на намалување на потрошувачката на струја, нивото на бучава и квалитетот на вградените материјали.
Со цел “Greestore” Центар да биде полесно достапен на светскиот интернет пребарувач бр. 1 Google, SeeInsideMK ги обезбеди следниве услуги:
- Ја постави локацијата на Google Maps и Google Search.
- Ги постави сите точни податоци и информации како адреса, телефонски број за контакт, линк до интернет страницата.
- Ја оптимизираше локацијата, со цел корисниците кои пребаруваат клима уреди, греење, ладење и сл… полесно да дојдат до “Greestore” Центар.
- Активирање услуга за контактирање, директно преку порака.
- Активно споделува објави од производи и промоции од компанијата.
- Сними виртуелна посета низ целиот објект и ја објави на Google Maps.
- Изработи Google стандардизирани фотографии од објектот, со цел тој да стане уште попрепознатлив.
Благодарение на можностите на оваа платформа, нашите клиенти добиваат се поголем број на посетители. Имајќи ја во предвид динамиката на живеење и начинот на доаѓање до потребните информации, се повеќе компании ги исползуваат бенефитите од оваа услуга.
Дали и на Вас ви требаат Google сервисите?
Контактирајте не, и дознајте повеќе!