Информации за проектот

Официјално, првиот трговски центар во Источна Македонија, опфатен со Google Street View for Business кој е вистинско освежување во урбанизацијата на еден од најголемите градови во Македонија, е новиот ГТЦ – Градски Трговски Центар Штип. Изграден по највисоки стандарди, и во рекордно време, ГТЦ Штип се наоѓа во срцето на градот. Пристапот со автомобил е обезбеден директно од кејот на Штип, а пешачкиот пристап е достапен директно од најпрометната зона во Штип.

ГТЦ Штип е локацијата каде за прв пат во Штип е отворен светскиот познат бренд “dm – drogerie”, а во истиот, можете да ја најдете Аптека Здравје и “SENATOR“ казиното.

ГТЦ Штип е можеби единствениот објект кој на најгорниот спрат нуди комерцијален простор за прослави, забави и свечености, од каде е достапен најубавиот поглед на градот Штип.

Благодарение на знаењето и искуството на тимот на SeeInside.mk, а најмногу на препознавањето на потенцијалот на овој проект на Google од страна на менаџментот на оваа компанија, сега Градски Трговски Центар Штип е достапен да биде пронајден на светскиот интернет пребарувач бр.1 Google и неговите апликации Google Maps и Google Search. А виртуелната посета, изработена од нашиот тим, ќе послужи овој бизнис да ја изгради довербата со потенцијалните посетители. Откако тие ќе го посетат виртуелно, нивните очекувања за овој објект се веќе создадени.

За менаџментот на ГТЦ Штип обезбедивме пристап и темелна обука за користење на алатк за подобро органско позиционирање на еден бизнис на Google, која тие во иднина ќе ја користат за следење на аналитики поврзани со популарноста на објектот, споделување информации, фотографии, видеа, промоции, настани, како и менаџирање на коментари од корисници на Google.

Посетете го и Вие, од удобноста на Вашиот паметен телефон, таблет или персонален компјутер или лаптоп.

Виртуелна посета

Позиционирање и верификација на Google Maps

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment