Информации за проектот
“New Born Clinic” е синоним за високо квалитетната и релативно евтина здравствена услуга. Клиниката е една од виновниците што Медицинскиот туризам зема се поголем замав во Македонија.
Здравствената услуга “In vitro Fertilization” е нивниот приоритет. Но исто толку внимание посветуваат и на водење на бременоста кај женските пациенти, како и решавање на проблемите со плодност кај обата пола.
Да се направи информиран избор за третман на неплодноста, бара сеопфатни информации за тоа кои се Вашите можности. Тие во клиниката обезбедуваат општи и конкретни информации за неплодноста. Таа може да биде управувана. Дознајте, какви видови на третмани се достапни за различни видови на неплодност и проблеми поврзани со нив. Главната задача на оваа клиника за вештачко оплодување е успешно дијагностицирање на проблемот и успешно идентификување на соодветно решение за секој пациент посебно. Па така се очекува исходот од третманот на неплодноста да биде оптимизиран. За ова е потребно огромно искуство и експертиза како и внимателено тестирање и набљудување на процесот.
Денес, сите видови на информации се достапни на интернет. До нив се доаѓа многу лесно. Затоа, нивниот силен совет е директно да се обратите кај специјалисти од оваа здравствена област. Пред се за консултации, а потоа и за совети со конкретни чекори за пристап кон решавање на проблемите.
Со цел оваа клиника да биде полесно пронајдена на Google, нашиот тим се погрижи да локацијата биде добро оптимизирана за Google Maps и Google Search:
- постави фотографии кои одблиску ја претставуваат клиниката.
- сними и објави виртуелна посета на клиниката, со цел потенцијалните корисници на нивните услуги да имаат можност полесно да ја пронајдат, контактираат и посетат виртуелно, уште пред да се појават таму.
На овој начин “New Born Clinic” ја гради довербата со своите потенцијални пациенти, како со оние од Македонија, така и со тие од странство.
Посетете ја оваа клиника и Вие!