online shopping

Информации за проектот

Добредојдовте во новото ОНЛАЈН ШОПИНГ искуство!

 

Нов и уникатен тип на онлајн продавница, кој ќе ја издвои Вашата интернет страница од другите!

 

Новото онлајн шопинг искуство е конечно ДОСТАПНО! Постои ли подобар начин да ги инспирирате Вашите клиенти да одат на шопинг? Сеуште сметаме дека луѓето не се чуствуваат безбедни да излезат и да се мешаат во гужвите.

Да се биде присутен онлајн во денешницата е поважно од било кога. Да им овозможите на Вашите клиенти да добијат што е можно повеќе информации за Вашите производи и услуги – онлајн, стана приоритет бр.1! Денешните практики покажуваат дека секоја компанија која брзо се адаптираше на “новото нормално“, продолжи со раст.

Според светските практики, некои од најдобрите начини да се биде присутен онлајн се:

  • Добро организиран, лесен за употреба и соодветно оптимизиран вебсајт
  • Ажурирани и активно менаџирани профили на социјалните мрежи
  • Објавена и лесно достапна содржина и локација на Google од Вашата компанија
  • Едно нешто кое ќе го улови и задржи вниманиеот на посетителот на веб страната, повеќе од 2 минути!

Овие факти беа заеднички заклучоци со нас и нашиот клиент Академска Книга.

Желбата и расположението нашиот клиент да се адаптира на НОВОТО НОРМАЛНО, сега е остварена! Ние ја добивме задачата и задоволството да го креираме тоа “Едно Нешто

 

Го нарековме – ИНТЕРАКТИВНА ОНЛАЈН ВИРТУЕЛНА ПРОДАВНИЦА!

Видео Трејлер

Информации за проектот

Услуги спроведени за клиентот:

  • Верификација и оптимизација на Google локацијата. Сега, луѓето кои пребаруваат “Продавница за Книги Скопје” ќе ја откријат Академска Книга во првиот резултат.
  • Објавување производи и категории на производи. Секцијата на Google Производи е сега пополнета со водечките категории и производи. Производите се презентирани со фотографија, опис, цена и линк до онлајн продавницата за брзо купување.
  • Изработка и објавување на Google оптимизирани фотографии, наполнети со клучни зборови и фрази. Сега Google може полесно да ги прочита и имплементира информациите од материјалите и да ја рангира Академска Книга повисоко, во резултатите од пребарувањата.
  • Снимање и објавување на Google Виртуелна Посета. Таа придонесува за градење на довербата со потенцијалните клиенти. Виртуелната посета ја презентира локацијата во детали. На тој начин ги креира очекувањата на купувачот, уште пред да ја посети во реалност.
  • Креирање на ИНТЕРАКТИВНА ОНЛАЈН ВИРТУЕЛНА ПРОДАВНИЦА. Користејќи ги постоечките 360 панорами, ги одбравме главните точки. Од тие точки, видливи се сите категории на книги. Следно, ги обележавме физичките локации на категориите. Потоа поставивме реактивни знаци кои може да се кликнуваат, наречени Жешки Точки. Жешките точки активираат прозорци во кои се достапни категориите на производи со детали, директно од интернет продавницата. Од овој момент, посетителот веќе може да ја нарача својата следна омилена книга – ОНЛАЈН.

Локацијата на Google Maps на Академска Книга

Google Виртуелна Посета на Академска Книга

За ИНТЕРАКТИВНАТА ОНЛАЈН ВИРТУЕЛНА ПРОДАВНИЦА

Новото ОНЛАЈН ШОПИНГ ИСКУСТВО носи уникатни и возбудливи бенефити:

Со овој тип на продавница, ќе креирате чувство на физичко присуство, без притоа купувачот да ја напушти безбедноста и комфорот на својот дом. Достапна е 24/7, од било кој уред со интернет врска (Компјутер, Таблет, Телефон). Пристапна е од било кој дел од светот. Што е најважно… таа е ПОВОЗБУДЛИВА и РАЗЛИЧНА од останатите онлајн продавници!

Клучен технички бенефит на ова решение е дека може да биде хостирано на Ваш локален сервер.

Може да се изработи како еднократен проект. Би бил достапен на Вашата инфраструктура без ограничено време. А нема да генерира екстра месечни или годишни трошоци.

Платформата може да користи веќе постоечки е-комерц сајт (онлајн продавница). Способна е да ги влече податоците директно од било која објавена интернет страница. Не се потребни поголеми зафати, активности или менаџирање. Виртуелната продавница може да биде вградена на било која интернет страница или портал. (во форма на реклама или посебен прозор за презентација) Може да биде достапна како “i-frame” или да отвори нов ТАБ или прозорец. А не заостанува од идните технолошки достигнувања. Имено, за неа постои можност да биде користена со ВР уредите, и да долови комплетно Виртуелно Искуство!

Но и доколку сеуште немате онлајн продавница, ние сме подготвени да ја создадеме за Вас!

 

Овој начин на интерактивно виртуелно претставување, беше користен во повеќе индустрии и гранки. Некои од нив се: Згради на Јавни Установи, Музеи, Религиозни Објекти, Шпедиции и Транспортни Компании, и други Туристички Атракции и Локалитети.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment