Информации за проектот
Продавница за врати е нуште една бизнис категорија, достапна на Google за секој корисник на интернет пребарувачот! Проспера, овој добро познат македонски бренд се доближи до своите купувачи. Посебно за генерациите кои се повеќе се присутни на интернетот, барајќи ги производите, услугите и содржините кои им се потребни.
За продавница за врати – Проспера:
Основана во 2004 година кога започнува да се занимава со продажба, сервис и инсталација на сигурносни врати. За брзо време, продажбата во Скопје и Куманово, ја прошируваат низ целата територија на државата. До денес, Проспера е комплетна компанија која нуди продажба, сервис, монтажа и консултантски услуги за сигурносни и собни врати и ПВЦ прозори. Проспера важи за компанија со најголем капацитет за вршење на овој тип на дејност во Македонија. Големиот капацитет и професионалната организираност се одразува со голема брзина на монтажа и брз сервис понудени на своите клиенти. Од самото формирање, па до денес, Проспера напорно работи на константно подобрување на квалитетот на производите и услугите кои ги нуди, со цел зближување до купувачите, и одвојување од конкуренцијата.
Нивна цел и обврска е:
- Спроведување беспрекорна услуга и презентација на производите во нивните салони
- Обезбедување висококвалитетна и навремена монтажа, со цел клиентите да бидат сигурни дека ја одбрале вистинската компанија
- Создавање огромна листа на задоволни купувачи, кои понатаму ќе шират пофални зборови за овој бренд
Менаџментот на Продавница за врати – Проспера го препозна потенцијалот на Google и начинот на кој ќе бидат полесо достапни. Нашиот тим ги информирање за моќта на соодветно присуство на Google Maps и Google Search, и како полесно да дојдат до “органски“ посети на нивната интернет страница.
Ние за Проспера:
- Поставивме соодветна локација на Google Maps и Google Search
- Ја верификувавме локацијата и обезбедивме пристап за менаџментот
- Извршивме оптимизација со опфаќање на сите производи и услуги кои Проспера ги нуди, а интернет корисниците ги користат при пребарување
- Снимивме виртуелна посета на објектот, и ја објавивме на Google Maps
- Изработивме Google Standard фотографии од објектот, и ги објавивме на Google
Погледнете го примерот од овој бренд.
Доколку сметате дека и Вашиот бизнис треба да биде соодветно презентиран на Google, побарајте не!