Собрание на Р. Македонија

Виртуелна тура низ Собрание на Р. Македонија

Информации за проектот

Собрание на Р.С. Македонија – Ве поканува на виртуелна посета. Овој тип на реализиран проект претставува посебна чест за нашиот тим. Имавме уникатна можност да бидеме ангажирани на првиот проект од ваков тип во регионот. Станува збор за првиот законодавен дом на Балканот, кој е достапен да биде посетен виртуелно.

За проектот Собрание на Р.С. Македонија:

Собрание на Р.С. Македонија овозможи несекојдневно искуство за сите граѓани на Р. Македонија и сите корисници на интернет во светот. Преку нивната интернет страна, посетителите можат да влезат во Собранието и да се запознаат со законодавниот дом на Република Македонија.

Виртуелната посета на Собрание на Р.С. Македонија е изработена со цел да ги сподели сите детали за објектот, од неговата изградба, преку креирањето на сите простории, нивното значение, како и деталите во сите области.

Ја издвојуваме Спомен Соба на АСНОМ, каде се изложени предмети од големо историско значење за РМ. Таму ќе се запознаете со содржината на просторијата, која на свој начин претставува еден вид на музеј.

Виртуелно, ќе се запознаете со Пленарна Сала, која сме навикнати да ја гледаме само преку ТВ екраните.

Ќе имате можност да ја посетите Сала Голема Купола, која е изградена во 2016та година. Конференциска сала каде се одвиваат протоколарни активности.

Посетете ја и Сала Борис Трајковски. Посветена на покојниот Претседател на РМ и единствената сала која добива име по македонски политичар. Во салата се одржуваат седници на работни тела, надзорни и јавни расправии.

Во оваа тура, имате можност да ја посетите Салата Длаборез, каде Претседателот на Собранието ги оддржува состаноците со координативните тела, секој понеделник.

Уште една уникатна просторија е Кристалната Сала. Во неа се наоѓаат 5 лустери изработени од Swarovski кристали. Поради овие кристали, и салата го добива ова име. Во неа се одржуваат коктели, приеми, свечености, семинари, тркалезни маси идруго, во текот на целата година.

Во проектот се опфатени и многу други сали и области на објектот. Ве покануваме самите да ги посетите, истражите и да се запознаете со нив.

Резултат:

Виртуелната тура на Собрание на Р.С. Македонија е изработена по примерот на Швајцарскиот и Германскиот парламент. Со гордост истакнуваме дека добивме директна пофалба и признание од членовите на Швајцарскиот тим кој го координираше овој проект. Тие констатираа дека виртуелната тура на Собрание на Р. Македонија е доста поквалитетна и повозбудлива од оние во Швајцарија и Германија.

Уживајте, и оставете и Ваш коментар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment